ФУДБАЛЕР НАЈБРЗ

АТЛЕТИКА

На хуманитарната трка за манастирот Трескавец, не победи атлетичар, туку – фудбалер. Тој е Илија Пајмакоски, напаѓач на третолигашот Млекар од Мало Коњари. Патеката долга 2300 метри, од центарот до Могила, ја претрча за девет минути. Во женска конкуренција најдобра е Милена Чкрипеска од Ориентационен клуб Златоврв, од каде е и најмладиот учесник, шестгодишната Илина Џартовска. Кај пионерките победи Ема Бошеска, кај пионерите Андреј Карапеев. Истрчаа 80 натпреварувачи, кои дадоа парични прилози за манастирот.

Интересно, организатор беше Технолошко – техничкиот факултет од Велес.

Loading