ВОЈНИК НА ГОЛ

ИСТОРИЈА

Навршуваат рамно 50 години од второто влегување на Победа во Втората југословенска фудбалска лига. Успехот е летото 1963 низ бараж натпревари со црногорскиот Ловќен. Иако на 23 јуни дома беше 1-1, седум дена подоцна во Цетиње е мало чудо, 0-1. Покрај стрелецот Борче Ангелески – Влашето, меѓу најзаслужните е голманот Славе Гически – Гиндата. За настанот потсетува спортскиот новинар Драги Башески.

– Во пресрет на дуелите, Победа немаше голман. Најитно беше дасе интервенира за да се врати Гически, кој беше војник во Пула. Ургенциите преку нашинци, високи воени авторитети, за среќа, родија плод. Тој доби специјална дозвола да настапи на двете средби. Секоја чест за него што се нафати да застане меѓу стативите, долго отсутен, без тренажен процес. Не му пречеа ниту илјадниците километри патување. Бранеше одлично – вели Башески.

Продонесоа уште Митрикески, Гарбески, Ж. Нешкоски, Анески, Бошкоски, М. Крстески, Г. Лашкоски, А. Конески, Велкоски, Василев, Дамјаноски, за трасирани 15 второлигашки сезони до 1978 година.

Loading