СОВЕТНИЦИТЕ ЈА УСВОИЈА ПРОГРАМАТА

Програмата за работа на Советот за 2013-та година ја изгласаа локалните народни избраници на последната седница. Меѓу 24 точки, дел беа од урбанизмот и финансиите за работата од кварталот на јавните претпријатија.

– Тоа е важен документ кој ги дава контурите за работа на советот годинава. Се одреди локацијата за одржување на Фестивалот на пивото. Советот и ЛС забрзано се организираат. Се подготвуваме за најголемата манифестација. Советот го дава придонесот во организирањето на овој значаен настан – рече м – р Никола Димески, претседател на Советот.

Инаку советниците одлучија името на прерано починатиот актер Кирил Ристоски од денеска да се наоѓа на Патеката на славните на Арт плоштадот.

– Ристоски е исклучително важна личност за градот. Поставувајќи го неговото име на Патеката на славните, го одбележуваме неговото дело – вели Никола Димески, претседател на Советот.

Ристоски се одликуваше со уверливост, фантазија, со автентична енергија, прекрасно чувство за хумор во актерската игра. Толкуваше улоги со леснотија и едноставност, препознатливо за големите актери. Оствари над 80 ролји.

Беше добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата за животно дело – Трети ноември на родниот Прилеп, 13 Ноември, Ристо Шишков…

Loading