ПОДВИГ

ЖЕНИ

Во последното првенствено коло фудбалерките на Победа дома со 2-1 го совладаа фаворитот Борец. Ова е подвиг за младата екипа на тренерот Блаже Филипоски. Малку кој се надеваше да падне кандидатот за титулата. Велешанки по поразот се втори со 43, наместо први со ист број бодови како шампионот Билјанини Извори од Охрид. Победа е солидна, петта со 10 победи, три реми, пет пораза и 33 бода, два помалку од четвртата Младост Оризари.

Првакот Б. Извори освои 46 бода.

Loading