ПЛЕВЕЊЕ СО СЕДЕЊЕ

Во времето на плевењето на тутунскиот расад се ангажирала сета домашна работна рака. И стари, и млади биле покрај леите. Ниту децата не се штеделе. Со своите ситни прсти, ги откривале непожелните треви низ расадот. Корнеле со седење  во браздите меѓу две леи и им помагале на родителите рамо до рамо. Се труделе, не седејќи “покрај интернетот на фејсбукот”, да се создаде квалитетен расаден материјал и да никне уште поквалитетен род. Зашто, тутунот бил живот за децата. Од парите се одржувале семејствата, се хранеле и се облекувале децата. Од него, некои си дозволувале да шетнат, да мрднат од градот, да летуваат на Езеро два-три дена. Кај најголемиот дел од граѓаните зелените, па жолтите, листови биле единствен извор за егзистенција.

И денес, дел од овие деца, “задоени со катранот”, ја одгледуваат оваа култура, или пак таа ги кренала, израснала, изучила, им кренала домови и ги дигнала на општествени и државни позции.

Loading