ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРИ ОД НИКОЛА СМИЛКОВ

Изложба на 15-ина скулптури од д-р Никола Смилков ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во галеријата на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Горанчо Ѓорѓиевски вели дека делата се во апстрактно-геометризираната скулптурална форма.

– Авторот ја негува пластичната слободна форма преку аналитички и математички пресметана постапка, создавајќи чисти структури со симболични и асоцијативни белези. Мермерот зрачи со внатрешен живот и ова е битна особина на творештвото на Смилков – вели Ѓорѓиевски.

Никола Смилков е професор на Универзитетот ,,Гоце Делчев,, во Штип. Реализирал повеќе проекти, самостојни изложби во Штип, Скопје, во Велико Трново и Шумен во Бугарија, Даниловград во Црна Гора, во Србија, Словенија…

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои прва награда за спомен обележје ,,Бранителите на Македонија,, и за Спомен-обележјата Александар Трети Велики Македонски  и  Аристотел во Штип.

Во салонот на ЦК ќе биде отворена и ретроспективната изложба 30 слики од ликовната колонија Де Ниро.

Loading