ВТОРНИК СИТЕ НА СТАДИОН

КОРЗО – БАБИ

Вторник, 28 мај (17 часот) на стадионот “Гоце Делчев” во последното, 30. коло се игра дербито за второлигашки опстанок, Корзо – Баби. За спас неопходен е триумф на домашните. Штипјани се солидни. Есеноска беше 1:1 и сега е шанса играчите на тренерот Зоран Штерјовски да покажат вредност за висок пласман. Се очекува поддршка од трибината во лутата пресметка.

На табелата Корзо е 11-ти со 32, Баби 14-то со 25, а за опстанок се борат Новаци со 31 и Локомотива со 30 бода. Корзо беше “домаќин” во Битола, каде ја победи Локомотива со 2-1.

За возврат извесно 11 Октомври ќе игра во Битола со Миравци, а Победа гостува на Гостивар.

Претпоследното коло е утре, во кое Победа ја чека Руфеја, 11 Октомври гостува на Баби, Корзо на Скопје.

Loading