ПОЧИТ НА ГРОБОТ НА ШАРЛО ВО БУГАРИЈА

Прилепско – скопска делегација во планините кај градот Пазарџик во Бугарија се поклони на гробот каде што е погребан Методија Шаторов – Шарло, контраверзниот секретар на Покраинскиот комитет на КПМ од 1941 година. Делегацијата, во која биле и внукот на Шарло, Илија Димоски – Шаторо, поранешниот директор на историскиот архив Тодор Чепреганов и научникот Соња Николова, имала средба со преживеани бугарски партизани, кои го знаат комунистичкиот пат на Шарло од Македонија во Бугарија.

Преживеаните комунисти имале различни верзии за загинувањето на Шарло. Покажале готовност да го откријат живеалиштето на последниот потомок на Шарло.          

Loading