МАТУРСКА ПРЕД ЛОКАЛНА

Матурантите од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” го прославуваа полнолетството со плех музика. Откако дефилираа низ улиците со чочеци, труби и тапани и со по некое шише пиво во рацете, последната станица, пред официјалната матурска вечер, им беше локаланата самоуправа. Пред објектот, полнолетниците завија некое оро, отпеаја некоја песна, се извиткаа на “Калашников” и заминаа по домовите за подготовка на незборавната ноќ на влез меѓу возрасните.  

Loading