МАРИОВЦИТЕ НА СОБИР НА СВ.ИЛИЈА

В НЕДЕЛА МАРИОВСКО – МЕГЛЕНСКИ КУЛТУРНИ СРЕДБИ

В недела во манастирот Св. Илија, кај селото Витолиште е 29 издание на традиционалните Мариовско – Мегленски културни средби. Манифестацијата ги негува фолклорното богатство, народните носии, македонските ора и песни и по некој пишан збор. Се организира да се зближи населението од Мариово и Меглен, да се видат иселиниците, но и за остварување на културна размена.

Годинава ќе има поетско читање. Ќе настапи оркестарот за традициска музика Турлитава, етно групата Баклава и инструменталниот состав Јанина.

Покровител е локалната самоуправа.

Loading