КАДЕ СЕ КОЧАНЧАНКИ?

ЖЕНИ

Екипата на Кочани не прифаќа термин за гостување во Прилеп, кај Победа, на мечот одложен пред цел месец поради трагичната смрт на Христина Димитриоска. Кочанскиот клуб има проблеми со составот. Оддолговлекува , оти не може да ги собере засилувањата од Скопје. Поминаа сите граници на фер-плеј. ЖФК Победа најавува барање до ФФМ за службен резултат 3-0 во нивна полза.

Остануваат уште два меча, викендов кај Младост во Оризари и наредната недела дома со кандидатот за титулата, велешки Борец.

Извесно е петтото или четвртото место, задоволителен пласман за составот од повеќето 12, 13 и 14-годишни фудбалерки во ЖФК Победа.

Loading