ГРАД ВРЗ ГЛАВИТЕ ФУДБАЛЕРСКИ

СУДИЈАТА НЕ ГО ПРЕКИНА МЕЧОТ ПОБЕДА – МАЏАРИ

Град како камчиња паѓаше на стадионот “Гоце Делчев” кон средината на второто полувреме од фудбалскиот, второлигашки меч Победа – Маџари (0-1). Судијата Гоцевски од Струмица сметаше дека не е проблем фудбалерите да се посветат на играта. Гледачите се разбегаа од трибината и очекуваа прекин барем пет минути додека престане невремето, но натпреварот продолжи. Токму тогаш беше пресудниот момент, фаул од Милошески врз Толески, пенал и реализација на Ангеловски. Речиси никој не го виде и црвениот картон за Чешелкоски. Набргу невремето престана, но престанаа и возбудувањата.

Гостите совреме дадоа гол, кога врнеше силен дожд со град.

Loading