“ИЗОРАНА” СЕЛЕЧКА ОД 450 ПЛАНИНАРИ

Планинарите на Картуш, со 450 гости од Битола, Кавадарци, Кичево, Виница и други градови, го изведоа традиционалниот планинарски меморијален марш долг 17 километри по Селечка, посветен на планинарот Петре Андоноски – Музичарот. На последната дестинација, во манастирот Свети Димитрија кај селото Селце, разменија искуства за патеката и природата. Задоволствата ги поделија со вкусно гравче. Најстариот, 79 годишен учесник, замина со пофалница за издржливост, како и најмалиот, петгодишен планинар. 

Loading