РОДЕНДЕН СО ПОНИ

Поинаку од своите другарчиња, Јана Јованоска го прослави десетиот роденден. Радоста и дувањето свеќички таа го подели со другарчињата на Могилата. Во роденденската атмосфера “се приклучија” и пони коњчињата, кои придонсоа за повеќе насмевки на лицата на славенчката и децата.

Роденденското парти под ведро небо го поздрави и градоначалникот Марјан Ристески. Тој  ја пофали идејата денот на раѓањето да се слави на отворено со пони коњчињата, птиците и убавините на природата.

Дознаваме дека игротеките ќе понудат прослави на родендени на отворено.

Љ.М.

Loading