ПРЕСТИЖНО ПРИЗНАНИЕ

МОДЕЛАРСТВО

Меѓународната астронаутичка федерација во Лозана, Швајцарија, на годишно собрание додели престижен трофеј прв за Македонец, скопјанец со прилепско потекло, Зоран Атанасоски, победник во генерален пласман на Светски куп во ракетно моделарство. Натпреварите Светски куп Прилеп и Трофеј на Прилеп беа мултимаедијално претставени, кандидирани за календарот после 2015 година, зашто термините се доделени. В недела на аеродромот Мало Коњари, Фил Феникс и ВФМ организираат државно првенство во едрилици Ф-3-Ј. со собир на најдобрите воздухопловни и ракетни моделари. Пред две недели, на првиот натпревар во организација на Витачево од Кавадарци, победи ветеранот Диме Велкоски, а јуниорот Бојан Димески беше четврт.

Учесниците се борат за влез во списокот на селекторот Здравко Тодороски.

Loading