ПОД ФАВОРИТИТЕ

РАКОМЕТ

Желбите беа големи, можностите мали на ЖРК Жито Прилеп, на завршницата од ракометниот Куп. Доволно зборува полуфиналниот пораз 21-37 од шампионот Металург. Недостижна е разликата во квалитет, иако пролетва еднаш падна фаворитот. Но, кога е најзначајно, работите се редат според реалноста и трофеите се: титулата за Вардар, Купот за Металург. Засега местото на Жито Прилеп е трето, зад најсилните, за петти излез во Европа.

Сезоната заврши и претстои анализа. Не можеше погоре, но резултатски требаше барем нешто повеќе. Жито Прилеп губи само од подобрите, а останати ги победува без проблем. Нагрдуваат поразите од младинскиот Металург и од Куманово. Така, извесно е дека има место за нови засилувања со млади талентирани. Жито Прилеп ја брани честа на внатрешноста од земјава. Најважно е што опстојува единствениот професионален спортски клуб во градот.

Loading