НЕ САКАВ ДА БИДАМ РОБОТ!

ИСТОРИЈА

Ова е наслов од интервјуто пред 33 години во “Народен глас”, на фудбалерот од Победа Рубин Ѓорѓиоски со новинарот Атанас Тасески. Темата тогаш најактуелната: Зошто најголемиот талент не замина во Звезда, Партизан, Хајдук или Динамо? Меѓу четирите гиганти ја одбра – Победа! На прв поглед чудно, но примерот не е осамен. Многумина кога на вага ги мерат печалбата и славата, жртвата при заминувањето, во споредба со удобностите при останувањето, се решаваат да не се делат од родниот град. Немаат важност критиките “Не заминуваш од гајле да не падни навалениот саат”. Така и Ѓорѓиоски образложува дека првата југословенска лига не е играчка, таму се бара врвен професионализам. Релацијата три – четирипати дневно е стан – стадион – стан.

– Не сакав да бидам робот, туку човек. Не можам без семејството, другарите, пријателите, Прилеп. Го сакам фудбалот, но и се друго убаво во животот – рече Ѓорѓиоски.

Секоја чест на тие што остануваа како Ѓорѓиоски, Магдески, Ц. Конески, но и за тие што беа долго, далеку на печалба, И. Димоски, Ј. Николоски, Седлоски.

Loading