БИБЛИОТЕКИТЕ ОД ПРИЛЕП И КРАЛЕВО ЗАЕДНО ВО ЕВРОПА

Протокол за соработка потпишаа библиотеките од Прилеп и од Кралево во рамки на манифестацијата Денови на Крале Марко.

– Се предвидуваат размена на библиотекарски искуства и  учествуво во заеднички проекти и конкурси во ЕУ – вели директорот Петар Петрески.

Во рамки на манифестацијата Денови на Крали Марко во библиотеката беше презентиран анимираниот филм за Крали Марко, се отвори изложба на цртежи и се одржа работилница како се прави филм.

Деновите, што ги организира општината, продолжуваат денеска со ликовниот хепенинг “Децата го цртаат Крали Марко”.

Вечерва пак од 20 часот во амфитеатарот во Варош ќе се одржи акустичен концерт на групата Ла Цолоние Волвоџ, на кој со врвни музички креации ќе се претстават Сашко Гигов – Гиш, Калина Велковска, Предраг Икономовски, Драган Стојковски, Гоце Наумов и Ненад Неделков.

Loading