ЗАПАЛЕНИЦИ СО ЏИПОВИ

Дваесетина запаленици на авантурите со теренски возила секоја недела ги проверуваат сопствените возачки вештини и ги пробаат коњските сили на машините, совладувајќи патишта, калливи терени угорнини, снегови во околината на градот. Тие беа први кои се искачија да помогнат да се изгасни огнот на манастирот Трескавец.

После утринското заедничко кафе за изборот на рутата за борба со калта,  тргнуваат низ планините, онаму каде се спојува земјата со небото,  по камени терени и бари. Битката со невозможните услови и контролата на моторите, битката за слобода и безграничност ги води во неколкучасовно задоволство за кршење на синџирите на секојдневието и работните напори. Различни видови џипови, излегуваат од речиси еден метар кал, се искачуваат по стрмни карпи со нагорнина од над 75 степени како гасеници по стебло, слегуваат низбрдо како кози речиси под прав агол. Храбро í се спротивставуваат на  неприкосновената природа и успеваат да í докажат дека можат да ги поразат околностите, тешко совладливи и за животните. Ќеф им представува и тоа што ги ги тестираат квалитетите и моќта на теренските возила.

Уживаат не само во битката на машината со природата, туку и со дружењето, размената на искуства и мислења, мајтапите. Понекогаш паѓа и по некое обложување дали ќе се избендери на онаа височина дали за кусо време ќе излезе од џипот закована со четирите тркала во калта. Велат дека трагаат по возбуди, разбудувајќи максимум адреналин во организмот, влетувајќи во опасности, наизглед на каскадери од по филмовите. Тоа им ја полни душата, а неколкучасовната “забава”. им претставува и одмор што им држи маја за енергија за новите работни предизвици следните пет работни денаови.    

Loading