ПРИЛЕПЧАНЕЦ ВО ПРВАТА ТУРИСТИЧКА ПОДВОДНИЦА ВО СВЕТОТ

Во Швајцарија секои 25 години се организира национална изложба за дострелите постигнати во изминатите 25 години во сите битни домени. Претпоследната изложба се одржала во 1964 година во градот Лозана, на брегот на Леманското Езеро, што некои го викаат неточно, Женевско. На изложбата се појавил и таканаречениот Мезоскаф, комбинација на подводница и автобус, кој повеќепати дневно слегувал и се движел под водата, осветлувајќи го “патот” под водата за патниците со силни фарови.

Еден од патниците бил и нашиот сограѓанин Даниел Мелвил, кој ја почувстувал возбудата од прошетката по дното на езерото. Кажува дека од безбедносни причини, на површината од водата кружела голема моторна лотка со повеќечлена посада. После затворањето на Националната изложба, 1964-та, мезоскафот бил покажуван во други земји.

Жак Пикар е син на Август Пикар, швајцарски физичар по потекло од градот Басел, кој меѓу другото конструирал батискаф за истражувања во големи длабочини (додека мезоскафот достигнува до средни длабочини под водите на морињата).      

Loading