ПРИКЛУЧЕНА АНДОНОВА ОД ВАРДАР

Ракомет: Второ засилување за Жито Прилеп

Конкурира во бековската линија

Официјално нова членка на женскиот ракометен суперлигаш, Жито Прилеп, е 21-годишната Јасмина Андонова. Доаѓа од скопски Вардар, конкурира за бековската позиција. Може да игра среден и лев бек. Потекнува од Пробиштип, од каде дојде и првото засилување зимава, бекот Маја Ивановска. Андонова успешно се вклопува на тренинзите од Борче Марковски.

Според “возниот ред”, првенствените натпревари стартуваат на 28 февруари, со гостувањето кај Куманово, на одложениот меч од есеноска. До тогаш не е исклучено да се одигра барем еден тест натпревар, бидејќи досега тоа беше ненадминат проблем. Премалку е само една контрола со првакот Металург, но нема решение со оглед на недостатокот противници. Прв натпревар за бодови во салата “Арената Сонце” е на 3 март, дерби кое сигурно ќе предизвика публика. Во таков амбиент е можноста да се додели признание на најдобриот спортист според редакцијата Зенит.

Подготовките се и за достојно претставување во странство. Жито Прилеп и годинава е активен на тој план. Веќе во понеделникот на 4 март е патување во Белград, Србија, на меѓународниот турнир од клубот Милениум, со кого е воспоставена соработка. На 5 март е полуфиналниот дуел со домаќинот, а на 6 март е натпреварот за трето место и финалето. Враќањето е веднаш по завршувањето на турнирот.

За здравствена состојба, нужни се лекарски третмани на Марија Серафимовска и Маја Нацева. Мошне непријатно ако се знае дека двете играат на позиција пивот. Доколку се случи отсуство, товарот ќе го преземе најмалата и талентирана, Сара Цаневска.

Loading