БРОДСКИ ГРАФИКИ ВО “…ЦЕПЕНКОВ”

Изложба на над 25 дела графики од меѓународната ликовна колонија – Македонски Брод, ќе биде отворена во галеријата вечерва од 19 часот. Се претставуваат сограѓаните Александар Тасески – Џинго и Вера Николоска и учесниците Амира Хазировиќ, Горан Јованов, Андријана Мациев, Асмир Хусовиќ, Лина Тренкоска, Симон Шемов, Благица Којчева, Славко Тренкоски – Лок, Христина Стојчевска, Трајче Блажевски, Фехим Хусковиќ и Жарко Стевковски.

Графичката ликовна колонија е основана 1996 година да ја пренесе графиката во вистинското светло како ликовна уметност. 

Loading