АМБАСАДОРИ ЈА “НАПАДНАА” ВИТАМИНКА

Ljubopitnii diplomati

Некогашната фабрика за црвен пипер Витаминка, а која денес е познат македонски бренд во прехранбената индустрија и препознатлив на сите меридијани со 40 отсто пласман на продукцијата во странство, ги воодушеви дваесетте дипломати, широко отворајќи ја производствената понуда за ширење на странските пазари. Во царството на слаткото задоволство, флипсовите и прашкастиот асортиман, при посетата на “Витаминка”, пред дипломатскиот кор, се презентираа производствените капацитети и производствениот асортиман на прехранбена индустрија, на иницијатива на Министерството за надворешни работи, а во рамките на проектот за промоција на македонските извозни капацитети.

 I Risteski gostin na Vitaminka

Министерот Никола Поповски смета дека се користат сите расположиви ресурси во промовирањето на индустриските капацитети пред потенцијалните странски инвеститори.

– Ги запознаваме дипломатите со компаниите надвор од Скопје да ги поттикнеме да ги промовираат можностите за трговска размена и инвестиции. Паралелно, ги афирмиравме можностите за бизнис во Прилеп. Странските потенцијални инвеститори и компании ги побудуваме преку дипломатите во Македонија со цел тие повеќе да истражуваат и да најдат можности за нови перспективи и пазари – рече Поповски.

Дел од производниот асортиман пробаа и амбасадорите, а Мариет Шурман, амбасадорката на Кралството Холандија, вели дека откако е во Македонија се обидувала да купува македонски производи, особено омилениот кекс “Деспина”.

Ministerot poposki `lubezno precekana od menadzemntot na Vitaminka

– Расположени сме да им помагаме на компаниите за понатамошен развој на полето на извозот. Тоа е добра основа за обострана соработка – рече амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија.   

За Витаминка ваквите средби се можност за промоција и за освојување на нови пазари. Сашо Наумоски, генералниот директор, рече дека средбите со дипломатите се добра шансата за запознавање со амбасадорите и за воспоставување односи за потеницијални купувачи.

– Ова е прв чекор за промоција на Витаминка во земјите, каде не извезуваме. Пласираме во странство 40 отсто од продукцијата, најмногу во поранешните ЈУ простори и речиси во сите земји од ЕУ, потоа САД, Австралија, а последно време и на Блискиот Исток и Саудиска Арабија. Наидуваме на поддршка во амбасадите. Се залагаме за засилување на дипломатските претставништва со економски аташеа, односно зајакнување на економската дипломатија – предлага Наумоски.

Naumosksi objansuva za neterogenoto proizvodstvo

Посетата на Витаминка од дипломатски кор, е втора по онаа на Тиквеш, организирана на Министерството за надворешни работи со посета на најуспешните македонски компании.

Loading