Градоначалникот Марјан Ристески, по старата традиција, му подари на министерот Поповски икона со заштитникот на градот, Свети Никола. При тоа тој рече дека Прилеп и Витаминка се брендови.
– Идејата е одлична и е мост за подобра соработка меѓу општината и амбасадите, Министерството и бизнис секторот. Посетата е и реклама на градот и непосредно за Витаминка, која работи по европски теркови, да биде конкурентна во странство, за каде е потребен високиот стандард – ХАСАП. Има уште перспективни фабрики. Но, и плацеви за инвеститори. Ги презентиравме индустриските зони за бизнис. Амбасадорите сега располагаат со информации при лобирање за инвеститори за фабрики и погони – рече Ристески.