УШТЕ ЕДНА ПРОДАВНИЦА ЗА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА

Познат германски бренд за производство на ортопедски помагала во средата отвори представништво во Прилеп. Градов е втора општина, после Скопје,  која фирмата Бауерфеинд ја најде како погодна за бизнис.

Има голема палета на ортопедски помагала, погодни и за превенција на болести и за олеснување на животот на луѓето со повисок и понизок степен на инвалидитет. Од бандажи за стабилизација на зглобовите, чорапи за превенција на проширени вени, мемориски душеци, протези за нозе, до специјални болнички колички, па и уште повеќе од производствената линија на Бауерфеинд може да се најде во продавницата во центарот на градот.   

Производите се високо квалитетни, некои се и рачна изработка, а фирмата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување, па се овозможува полесен пристап до производите. На отворањето на представништвото на престижната фирма присуствуваше и градоначалникот Марјан Ристески.  

Loading