ТЕМЕЛКОВСКИ, ПАК ПРВ ЧОВЕК

МТФ “Војдан Чернодрински”

Повторно е избран Петар Темелковски за прв човек на МТФ “Војдан Чернодрински”. Тоа е резултат на досегашното плодотворно водење на културната театарска манифестација со речиси петдецениски корен. Да í се даде полет на младоста во театарот, годинава ќе се доделат две награди за млад актер – за женска и за машка улога. 

Театрите треба до 31 април да ги прикажат претставите со кои конкурираат за учество на Фестивалот, а Темелковски на почетокот на мај да ја соопшти програмата за 48 издание на МТФ, кое ќе започне на седми јуни.

Loading