СААТОТ ПРЕД КУРДИСУВАЊЕ

Интензивна е санацијата на навалувањето на Саат кулата. Во втората фаза се градежните работи. Од Заводот и Музеј велат дека поставена е бетонската плоча – платно, длабоко 2,4 метри од сите четири страни. Изведувачот работи на просторот околу влезната врата. По надворешната санација, продолжуваат работите во внатрешноста.

– Тешко ќе оди копањето, оти внатре просторот е тесен, а ќе се копа рачно. Се очекува финиш за два месеца – вели Гордана Спироска Данилоска, директор на Музејот.

Пак ќе се изгради чешмата и ќе се обнови механизмот за отчукување. 

Министерството за култура даде три милиони денари, а општината два милиони денари за запирање на навалувањето на Саатот.

Градоначалникот Марјан Ристески најави уредување на просторот околу Саатот.

– Со новото партерно решение ова место ќе биде најубаво. Ќе ги смениме плочките, ќе поставиме лозници, стари фенери за што ќе вложиме над 100 илјади евра. Ќе се уредува и другиот дел од чаршијата со изградбата на Сити мол, со старите порти – вели Ристески, посочувајќи дека ќе се “раскаже” приказната за привлекување туристи. 

Саат кулата е висока над 38 метри и е изградена во 1858 година.

Loading