РУСКИ НАСЛОВИ В БИБЛИОТЕКА

Библиотеката “Борка Талески” и Амбасадата на Руската федерација ја продлабочуваат воспоставената соработка. По првата донација на книги, следуваше уште една, овојпат со донација од над 50 наслови – учебници за изучување на рускиот јазик, лексикони, белетристика и други наслови.

Читателите ќе имаат можност да ги прочитаат расказите од  Толстој и од Распутин, делата од Максим Горки, творби од Пушкин, енциклопедии за историјата на Русија, басни од Крилов, како и насловите за Руската сказна во литературата од 18 до 20 век, Мајсторот и Маргарита од Булгаков, Избрана лирика од Тјутчев, лексикони за естрадата во Русија…

– Дониравме за продолжување на соработката и за одбележување на 10 февруари, Денот на руската дипломатија – изјави Виктор Дјаков, шеф на протоколот во Руската амбасада.

Петар Петрески, директор на Библиотеката, вели дека постојано се збогатува одделот за странска литература.

– Располагаме со завиден број руски наслови. Очекуваме рускиот пример да го следат другите амбасади – рече Петрески, потенцирајќи дека постојат и оддели за литература на италијански, француски и германски јазик.

Loading