ПЛАНЕТАРИУМ В ЦЕНТАР

Стаклена пирамида висока околу 12 метри со футуристички дизајн е најновиот објект што наскоро ќе го украси плоштадот Александрија. Современиот објект е замислен да има мултинаменска примена. Ќе биде сместена современа кино сала со 3Д проекција, ќе има симулирање на планетариум, а ќе биде користен и за литературни средби, најразлични поетско – драмски читања и место за културно – книжевни промоции, дури и како центар за регистрација на идните брачни двојки.

Архитектонската имагинација е челична конструкција во комбинација со стакло. Креацијата се очекува да ги воодушеви не само граѓаните, туку и архитектите. Надворешните пирамидални зѕдови ќе бидат со димензии 10х10 метри.

Внатрешноста ќе изнесува 100 м2, а ќе се пристапува со скали и пристапна  рампа од страната на Булеварот.           

Loading