НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ

Борење

На меѓународно ниво борењето, како спорт, е на удар, бидејќи на сила е предлогот да се исфрли од Олимпијадата, но тоа премногу не ги потресува во редовите на боречкиот клуб 7 Мај Леов. Тие не отстапуваат од зацртаното и работат како ништо необично да не се случило.

– Борењето е стар спорт. Да се отстрани се залагаат најмногу од Шпанија, но нема да успеат. Турција, скандинавските земји, САД и други ќе го кренат гласот за поддршка. Борење ќе има и ние како клуб ќе го практикуваме – вели Сашо Игњатовски, тренерот.

БК 7 Мај Леов е во налет, наместо само слободен стил, сега среќата се бара и во грчко – римскиот. Во оваа дисциплина “крштевањето” беше на силен, меѓународен турнир “Љубомир Ивановиќ – Геџа” во Белград. Мартин Стојаноски до 55 кг. и Гоце Митоски до 60 се петти, а Дејан Заов до 66 килограми осми.

– На турнир под капата на ФИЛА пласманите се релативни. Со квалитетни 85 ривали од 15 земји најбитно е искуството – истакнува Игњатовски.

Loading