МЕЃУНАРОДЕН МЕЧ

11 октомври

Екипата на 11 октомври, во потрага по најсилни противници, во охрид се пресмета со српскиот суперлигаш бск борча. Првиот дел изедначен, а по седумте измени во второто, ривалот со еден гол успеа да победи 1-0. Тренерот тони наумоски е задоволен од играта на сите проверки. Претходно, во миравци одиграно е реми, 1-1, потоа следеше пораз 3-0 од силекс, победа 2-1 над охрид и реми 1-1 со караорман. До второлигашкиот старт планирани се уште три средби, в недела со братство Житоше, на 21 февруари со пелистер и наредната недела генералната проба е со некој второлигаш.

Играчкиот кадар се комплетираше вчера со враќањето на јорданчо наумоски, кој тренираше со б тимот на динамо киев.

Loading