НА ЕП ВО ТУРЦИЈА

Карате

Младите прилепски каратисти, во состав на македонската младинско – кадетска репрезентација викендов се во Коња, Турција, на Европско првенство. Во дисциплината кати од КК Ронин ќе настапат Мишела и Маријана Димоска, Искра Каракашоска, Поликсенија Јованоска и Даниел Петкоски. Тренер на репрезентацијата е Златко Димоски.

– Во ката е најтешко да се дојде до медал, за разлика од борбите, каде има поделба во тежински категории. Добар резултат е секое поминато коло – вели Димоски.

Кадетскиот ката тим е интересен, поради сестрите близначки, 14 – годишните Мишела и Маријана, покрај јуниорката Искра Каракашоска. Помлади се две – три години од конкурентките. Првпат одат на ЕП. Но, имаат искуство од балканските првенства, каде три години со ред земаат трофеи.

– Фаворити се Италија, Шпанија, Франција… Нашиот тим шансата ја бара во техничката изведба и брзината, но одлучува ждрепката и спортската среќа – истакнува Златко Димоски.

Loading