МУЗИКА И ТАНЦ НА “СОНОТ НА ЦЕПЕНКО”

“Сонот на Цепенко” во режија на Кирил Петрески е новата премиера што Театарот ја прикажа на стартот на новата театарска сезона. Музичка кореодрама е новиот израз, досега неигран на нашите штици. Претставата има современ стил на драматизација на текстовите на Цепенков.

Преку музика, кореографија и танц се пренесува вековното наследство. Замислена како приказна за еден свет, преку играта на актерите, во која добро се вклопува кореографијата на Кире Миладиноски, го раскажува сонот на авторот.

Сценографијата на Зоран Николовски е едноставна и го полни просторот, како и костимите на Даниела Настоска. Особено плени доминацијата на музиката на Чалгија саунд систем.

За поздравување е играта на актерите Игор Трпче, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Никола Настоски, Димитар Црцороски, Марија Спиркоска – Илиеска, Јасмина Мицовска – Станкоска, Александар Тодески и Катерина Чакмакоска, кои се сплотени како едно, иако со тешки фрагменти за изведба.

Loading