ЧИТАТЕЛИТЕ ПРЕДЛАГАЧИ

Избор спортист 2012 на “Зенит”

Спортот во градов падна на најниски гранки и според многумина изгубен е смисолот за некакви лауреати, прогласување на најдобрите на гала вечери и слично, меѓутоа да  не се прекине сосема традицијата, нашиов весник организира по петти пат најскромен Избор. Ги вклучуваме читателите во улога на предлагачи. Потребно е само да го пополнат купонот и да го достават до нашата редакција до 15 февруари 2013. Предлозите ќе ги разгледа комисија, а прогласувањето ќе биде на првиот спортски меч во спортската арена “Сонце”.

Награда ќе добие и најсреќниот гласач – читател.

Loading