ЧЕТВРТИ МАНДАТ ЗА МАНТА

Фудбал: Редовно годишно изборно Собрание на ОФС Прилеп

Марјан Стојкоски е предложен за член на УО на ФФМ

Со акламација го доби четвртиот мандат, новостариот претседател на ОФС Прилеп Марјан Стојкоски – Манта на редовното годишно изборно Собрание во големата сала на Општината. Од 56 присуствуваа, 46 делегати, претставници на 25 клуба и едногласно беа прифатени предлозите на кандидационата комисија. Стојкоски е предложен за член на УО на ФФМ. Фудбалски Прилеп во Собранието на ФФМ ќе го застапуваат: Марјан Стојкоски (Марјан Ристески), Ирена Јакимоска (Петар Ристески), Петре Илиоски (Љупчо Ристевски), Гоце Ингилизов (Тони Наумоски), Здравко Ристески (Стеван Талески), Даре Иваноски (Горан Макалоски).

Конституиран е новиот УО на ОФС од 12 членови. Покрај претседателот Стојкоски, потпретседателка е Јакимоска, бизнисмен, ќерка на легендарниот професор по физичко, неодамна починат, Веле Јакимоски, понатаму Суад Адиловиќ (Гарван Десово), Ромер Муриќ (Братство Житоше), Никола Тошески (Кадица Забрчани), Пеце Јончески (Тризла), Горан Бозароски (Младост Кривогаштани), Дејви Спиркоски (спортски работник), Иле Мишески (Млекар М. Коњари), Кронислав Мантароски (Г. Коњари), Златко Наумоски (Динамо Мажучиште) и Дејан Смугрески (Партизан Обршани).

Пред нив се големи предизвици наредните четири години за омасовување на најпопуларниот спорт, за враќање на старите патеки, а сигурно репер за постигнатото ќе биде статусот на сениорските екипи, односно покрај третолигашки, второлигашки, градов да гледа и прволигашки фудбал.

Набљудувачи на Собранието беа членот на УО на ФФМ Гоце Цветановски и генералниот секретар на ФФМ, Димитар Зисовски.

Loading