СПОРЕД ПЛАНОТ

11 Октомври

Сe се движи според планот на подготовките на фудбалскиот второлигаш 11 Октомври. Шесте новодојдени – Ивица Крстевски, Дарко Петров, Владе Милованоски, Мартин Никовиќ, Бобан Спиркоски и Бобан Крстески веќе се вклопија меѓу младите врсници. Замина само Филип Мирчески во прволигашот Напредок, а тоа е успех за овој фудбалер, кој изминатите сезони беше столб во одбраната и двапати избиран меѓу најдобрите тројца спортисти во градов.

Закажани се осум пријателски мечеви за проверка на можностите. Противници се Миравци, Силекс, Пелистер, Корзо… Тренерот Тони Наумоски одреди на 7 февруари заминување во Охрид.

Loading