ПРОМЕНИ

Џудо

Стручен семинар за тренери и судии, според лиценцирањето за 2013, имаше во Битола во организација на ЏФМ и ЏК Пелистер. На теоретскиот и практичниот дел се презентираа, се дискутираа и се разработуваа новите правила од светската џудо федерација и се практикуваа со детектирање, препознавање и примена во борбите. Промените се во натпреварувачките правила, казните и поените.

Од ЏК Сеишин присуствуваа осуммина судии, четворица тренери и двајца членови на натпреварувачката комисија.

Loading