ОПТИМИЗАМ

Корзо

Од страна гледано безгрижно, без мака течат работите во второлигашот Корзо. Нема незадоволни. Сите се како семејство и секаде би посакале ваква атмосфера полна со ведрина и оптимизам. Сите се убедени во сигурен опстанок. Проценката најмногу се темели врз подигнатиот квалитет. Доведени се осум нови, така што има силна конкуренцијата и однапред не се знае кој ќе игра во првата постава на новиот тренер Зоран Штерјовски.

За над 20 првотимци, без повредениот капитен Иво Дамески, почна серијата тестови. Прво беше совладан третолигашот Братство Житоше (2-0) во Лажани, а завчера е доживеан пораз (6-3) во Скопје од Македонија Ѓорче Петров. Со овој ривал можен е реванш во Охрид. В недела е планирана проверка со Победа јуниор, а на 6 февруари со 11 Октомври. Следниот ден, 7 февруари е заминувањето во Охрид, каде ќе има убави услови да се дотерува формата за пролетниот дел од Втората лига.

Loading