МЕГЛЕНСКИ ГО НАПУШТА “БРОДОТ”

Фудбал: Победа јуниор ослабнува

Тони Мегленски до последен момент стоеше на располагање за пролетниот дел, но и капитенот на Победа јуниор очигледно не можеше да чека бесконечно и да не ја загуби шансата што му се укажа, реши да ја прифати поканата од соседниот прволигаш Пелистер. Штом најдобриот, екс репрезентативецот заминува, појасна е сликата за клубот кој претендираше на највисок пласман.

Расположението не е добро кај останатите верни кон “црвено – белите”. Од друга страна, се множат најавите за заминување. Претходно заминаа стоперот, битолчанецот Александар Ристевски во Металург и напаѓачот Даниел Карчески во Корзо. Со контактите и традиционално добрите односи со битолчаните, од Пелистер пристигнаа двајца надежни кои ќе ја бараат шансата за наметнување. Нови лица се стоперот Христијан Талевски и за врска Дејан Колевски.

Во клубот сега се скромни амбициите за задржување на второлигашкиот статус и градење нов тим кој можеби ќе добие поддршка во некое идно време, со веројатно нови планови за силна Победа.

Loading