Избор спортист 2012 на “Зенит”
Спортот во градов падна на најниски гранки и според многумина изгубен е смисолот за лауреати, прогласување на најдобрите на гала вечери и слично. Меѓутоа, да не се прекине сосема традицијата, нашиов весник организира по петти пат најскромен Избор. Ги вклучуваме читателите во улога на предлагачи. Потребно е само да го пополнат купонот и да го достават до нашата редакција до 15-ти февруари 2013. Предлозите ќе ги разгледа комисија, а прогласувањето ќе биде на првиот спортски меч во спортската арена “Сонце”.
Награда ќе добие и најсреќниот гласач – читател.