ПАЈТОН КРАЈ МОГИЛА

Битола се фали со пајтони, а ние не паѓаме многу подолу. Доволно колку да имаме староградски колорит со ландони, култура од пред столетие. Регистриравме како наш убав пајтон вози на патот крај Могилата. Напред крај пајтонџијата имаше сопатник, а на удобните широки седишта уживаа уште двајца возрасни и три деца. Минуваше по асфалтот крај колона автомобили. За момент затекнатите, кои со љубопитни очи гледаа кон интересното возило, ги збуни со свртување кон бензинската “Салида петрол”. Што ли таму бара, гориво? Само ширинка да заокружи и пак се врати по истиот пат назад кон градскиот центар, релација каква платиле патниците.

Сите што го видоа пајтонот се воодушевија од изгледот, убавите седишта, тркалата, а доминантен со разнобојни украси е најзаслужниот за влечење на возилото – коњот.

Loading