САМСУНГ ГО НАГРАДИ ДАНИЕЛ СТОЈАНОСКИ

           

Дваестипетгодишниот Даниел Стојаноски додека продава телевизори и фрижидери во една голема прилепска продавница за бела техника, се инспирира за создавање на уметничка фотографија. Таму сепак не му дошла идејата да ја сними патката, во која големата компанија на електронска техника, Самусунг, нашла високи уметнички вредности да го награди за квалитетна фотографија. Меѓу илјадниците фотографии, стручнаците од Самсунг оцениле дека фотографијата на Даниел, снимена со апарат Никон, не е обична пајка со сите колорити на пердувестата облека, туку креативен акт. На младиот Даниел одамна му лежат фотографиите. Не е професионалец, туку аматер, кој слободното време го троши во потрага по мотиви да го насочи објективот, да ги погоди аглите, да ја стави светлината и боите во координација и да “произведи” уметничка фотографија во картичката на својот фотоапарат. Секое движење му е поврзано со фотографијата. Толку е “запален”, што веќе две-три години учествува на изложби и конкурси на уметничка фотографија. И тоа не само во колор, туку и во црнобела техника, каде се препознава талентот.

            Тој успеа во почетокот на јули, дел од неговите дела да го привлекуваат вниманието на посетителите на изложбата “Денови на македонската фотографија” во салонот Мала станица во Скопје, меѓу поискусните колеги.

Loading