ПРЕГОВОРИ СО ЗАСИЛУВАЊА

Жито Прилеп

Нема официјални информации за новости од женскиот ракометен суперлигаш Жито Прилеп по претставувањето на новиот тренер, битолчанецот Борче Марковски. Сепак, блиски на клубот потврдуваат дека се водат преговори за потенцијални засилувања. Условите привлекуваат доста ракометарки, кои сакаат да го носат жолто – црвениот  дрес, а на управата и стратегот е да одберат кој квалитет е потребен.

Паралелно, се настојува да се задржи досегашниот играчки кадар. Минатата сезона од страна настапуваа 10: голманката Наумоска, бековите Мркиќ, Цветановска, Штериова, пивотот Серафимовска, крилото Здравевска, со четирите од странство, голманката Јаломитеану, крилата Матановиќ, Стојановиќ и Павичевиќ. Прашање е дали ќе останат сите. Јаломитеану имала опции во Романија, а Павичевиќ во европскиот првак Будуќност.

Првиот нареден собир е околу 18 јули.

Loading