ПОДГОТВЕН ЗА НОВ ПРЕДИЗВИК

Трајче Илиоски

            Екс – тренерот на 11 Октомври, Трајче Илиоски, по неколку месечна пауза е подготвен за нов ангажман. Поинаку и не може од човекот кој цел живот му го посветува на фудбалот. Беше играч и капитен на Варош и Металец, тренер на Пролетер Брод, Варош и 11 Октомври, до прволигашкиот пораз од Брегалница, пролетва. Професионалец сум, фудбалот е моја работа. Ако има прифатлива понуда, може да најдеме заеднички јазик со кој било клуб – вели Илиоски. Располага со диплома од Белград за виш фудбалски тренер, која сега се бара и не се стекнува со курсеви. 

Loading