ПЕВЛИВИ УЧИЛИШНИ ХИМНИ

          

Музичарите Душко Темелкоски и Борче Шабаноски компонираа химни за неколку основни училишта кои видоа “бел ден”. Тие компонираа музички симболи за ОУ “Коцо Рацин”, “Кире Гаврилоски”, “Рампо Левката”, “Блаже Конески”, “Гоце Делчев”, училиштето во Тополчани – “Круме Волнароски” и за СОУЃорче Петров”. Музиката и аранжманите се на Борче, а текстовите се на Дуле. Ги пејат ученици од училиштата. Двајцата напишале песни за музички естрадни ѕвезди и за детски хитови, исполнети на фестивали. Соработуваа и при подготовката на спортските химни на ФК “Победа” и ракометниот клуб Тутунски. Членуваа со Ристо Бомбата и Кучешка тенија, а го основаа бендот Бен Хур. Дуле настапува во Трета димензија.

Loading