НЕИЗВЕСЕН БРОЈОТ НА ЕКИПИ

Трета лига

            Како години наназад, речиси до последен ден нема да се знае бројот на екипи во Третата фудбалска лига – Југ. Минатото првенство учествуваа 15 од петте општински сојузи: Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Неготино. Досега познати се новите членови само од Прилеп – Братство Житоше и од Велес – Мартолци, а останатите немаат доставено прваци во четвртолигашкиот ранг. Претходната сезона не отпадна ниедна екипа од Втората лига, а пласман таму обезбеди шампионот Корзо. Така, доколку не се пријават нови тимови, извесна е опција со 16 учеснички, што значи не би имало отпаѓање од претходното првенство. На дното од табелата беа Млекар од Мало Коњари, Борец и Бирлик од Велес. Дефинитивниот изглед на лигата ќе биде некаде во август, недела – две пред стартот.

            Од ОФС Прилеп партиципиенти се: Партизан Обршани, Големо Коњари, Кадино, Младост Кривогаштани, Млекар и Братство Житоше.

Loading