Додека ме држат нозете ќе играм

Диме Билески, играорец и кореограф

Диме Билески веќе 45 години професионално е посветен на фолклорот. Од мали нозе станал поклоник и се втурнал во фолклорните води. Неуморен е. Ја продолжува традицијата додека мрда. Првите чекори ги научил во средно училиште со професорот Александар Иваноски. Потоа играл во “Младост”, “Црн бор” Од 1967 е во КУД “Мирче Ацев” до ден-денес. Првин бил играорец, а сега е кореограф. Уште потскокнува, заигрува полетно. Назаборавни ора, изведби, настапи, другарувања. Играв до 1984 година. Да се негува фолклорот е задоволство, оти е многу богат, раскошен, насекаде ценет, особено надвор од Македонија. Публиката остануваше без здив кога ќе заигравме. Се воодушевуваше – раскажува Билески. Како кореограф, го пренесува знаењето на младите, добиено од покојниот Пеце Атанасоски. Со помошникот Славе Јовески објаснуваме како се држи и се  следи тактот, музиката, за да се стане играорец. Кај младите девојки има интерес за фолклорот, а машките не се заинтересирани. Потребна е поголема грижа за негување на традицијата – истакнува долгогодишниот играорец Диме. Ќе игра додека го држат нозете.Вели дека чувството на играорецот може само да се доживее. Потребно е внимателност и желба да се совлада ритамот, афинитет кон народниот такт, дарба за пеење и љубов кон музиката. Уживам на екотот на тапанот, кога ќе писне кавалот. Срцето трепери и чука сто на саат. Се гордеам што бев дел од една исклучителна генерација на играорци, во која често бев на чело, бев ороводец, а многупати и трет, четврт. Неколкумина нé бараа во “Танец”, но  останавме верни на КУД “Мирче Ацев” – потенцира Билески. Омилено оро му било Сплетот од Источна Македонија, што го поставил Пеце Атанасоски. Се ми лежеше за играње, но овие ми ја параа душата. Додека сум жив, ќе бидам со македонскиот фолклор – вели тој.

Loading