Талески останува

Победа јуниор

Десниот бек Даниел Талески останува во второлигашот Победа јуниор покрај повикот од прволигашот Силекс. Пречка се прописите, според кои надвор од преодниот рок паузира. Кратовци не се откажуваат до лето. Единствен заминат е играчот за врска Давид Ристески во Србија, а левиот бек Даниел Котески продолжува до 12 февруари со тестови во Б тимот на германски Хановер. Клубот ги доведе тројца, голманот Дејан Настески од Корзо, левиот бек Филип Спиркоски од 11 Октомври, стоперот Александар Ристевски, битолчанец од Тетекс. Сите се млади, желни за докажување, каков што впрочем е комплетниот актуелен играчки кадар. Тренерот Златко Петрески со помошниците Благоја Смоквоски и Сребре Стефаноски подготовуваат 20 првотимци. Во првата фаза истрчуваат околу теренот од стадионот “Гоце Делчев”, а во втората ја користеа спортската арена “Сонце”. Доколку се подобри времето, следат пријателски со Пелистер, Новаци, Силекс. Второлигашкиот старт е на 3 март, дома против Тиквеш.

Loading