План за скок до бараж

Фудбал: Трајче Илиоски, тренер на 11 Октомври

Директен опстанок само со серија победи

Прилеп како најфудбалски град нема лесно да се откаже од партиципацијата во Првата лига, а задачата да бара спас е на единствениот претставник, 11 Октомври. Есеноска беше последен, 12-ти на табелата со 10 бода, осум помалку од десеттиот Тетекс, а 10 зад осмиот Охрид. Оптимистите гледаат големи шанси, песимистите само мали, најважно е сепак дека постојат. Стручниот штаб, заедно со Управата, направивме анализи и сметаме дека имаме реални шанси барем за скок до 10. место, кое значи бараж. Шанси постојат и за директен опстанок. Најмногу зависат од резултатите. Ако врзиме циклус, а се погодат и резултатите на ривалите, ако киксираат, поблиску сме до целта – вели Трајче Илиоски, шеф на Стручниот штаб на 11 Октомври. По пролетниот старт на 4 март се редат мечевите: на гости кај Ренова, дома со Охрид, кај Силекс, дома со Брегалница. Преостануваат четирите од основниот дел и уште 11 кола во третиот круг. Има доволно време нешто да се измени на подобро. Зимските подготовки даваат надеж, со оглед на сериозниот, професионален пристап. Снегот и невремето прават проблеми, едно замисливме, друго излезе. Но, фудбалерите добро издржуваат, нема повреди и ретко отсуствуваат како Александар Велјановски поради настинка. Извлекуваме максимум, приморани да користиме сала наместо терен – истакнува Илиоски. Околу 25 првотимци се на располагање, а во фокусот, како и секогаш се новите бекови, десниот Миодраг Јовановиќ и левиот Сашо Ѓорески. За големи засилувања се сметаат и двајцата домашни за врска, Новче Ацески и Тони Мегленски, по долга пауза залечени. Очекувањата се големи. Засега сум задоволен, но ова е рана фаза. Треба да се сработат подготовките до крајот за појасна слика. Нема гарантирано место за никого, кој ќе има висока форма, тој ќе игра – порачува Илиоски.

Трет тест

Утре е предвиден пријателски меч на 11 Октомври во Охрид, со второлигашот Еуромилк. Вкупно е третирот тест. Вчера, на вториот, се сретна со домашниот Охрид лоте, а резултатот е : .Првиот дуел беше пред две недели, реми 2-2 кај Миравци.

Loading