Контрола со Пелистер

Корзо

Подготовки во полн ек има третолигашкиот лидер, Корзо. Се работи на отворено, во фитнес и во сала “Македонија”. Планот на тренерот Горан Тодоровски е тактичко – технички акцент со пријателски средби. Контрола побара соседскиот второлигаш Пелистер, а терминот е в среда, најверојатно во Битола. Играчкиот кадар е променет. Дојдоа млади, надежни: стоперот Филип Николоски од Младост Кривогаштани, голманот Христијан Сркески и бекот Иво Дамески од 11 Октомври, Виктор Велкоски од Големо Коњари, Миле Кондоски и Христијан Тодоровски од Преспа. Заминати се само двајца, голманот Дејан Настески и бекот Александар Ристески во Победа јуниор. Тимот е посилен од есеноска, а амбициите се кристално јасни – Втора лига. Ако се знае дека на чело од Управата е Панде Трајчески, нема промашување, туку цврсто на врвот до крај. Првенствениот старт е на 11 март, кај Борец во Велес.

Loading